Почна продажбата на апартманите во Градски парк

Bez autora
May 11 2014

Во Градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, пуштен е во употреба луксузниот резиденцијален комплекс „Парк резиденс“, кој се состои од 126 статусни апартмани, деловен простор и хотел на пет ката и опфаќа изградена бруто-површина од 32.264 метри квадратни. Во комплексот, во чија изградба се користени материјали од светски брендови и во кој се имплементирани највисоки безбедносни стандарди потврдени од овластени институции во земјата, се инвестирани над 25 милиони евра домашен капитал. Навистина се гордееме на овој објект. „Парк резиденс“ е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на најпребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина, одличен распоред, хармонија и многу други детали на кои внимававме за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи што се неопходни за здрав и долг живот. Kомплексот има препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија, која е вградена во објектот, што сеопфатно „Парк резиденс“ го прави уникатен простор, вели Бранкица Анѓелевска, проект-менаџер во „Иморекс Македонија“ од Скопје.

Почна продажбата на апартманите во Градски паркВо Градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, пуштен е во употреба луксузниот резиденцијален комплекс „Парк резиденс“, кој се состои од 126 статусни апартмани, деловен простор и хотел на пет ката и опфаќа изградена бруто-површина од 32.264 метри квадратни.

Во комплексот, во чија изградба се користени материјали од светски брендови и во кој се имплементирани највисоки безбедносни стандарди потврдени од овластени институции во земјата, се инвестирани над 25 милиони евра домашен капитал.

- Навистина се гордееме на овој објект. „Парк резиденс“ е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на најпребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина, одличен распоред, хармонија и многу други детали на кои внимававме за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи што се неопходни за здрав и долг живот. Kомплексот има препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија, која е вградена во објектот, што сеопфатно „Парк резиденс“ го прави уникатен простор - вели Бранкица Анѓелевска, проект-менаџер во „Иморекс Македонија“ од Скопје.

Апартманските и деловните единици поседуваат и енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкулери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија.

Сите оние што ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес-центар и многу други подобности на едно место.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik